До стартот на Светското првенство во Шведска и Полска остануваат уште пет дена.
Благодарение на најдобриот македонски ракометар, Македонија често пати ќе се споменува и пред стартот на овој Мундијал. Кирил Лазаров е на врвот на листата во уште една категорија. Мак-гол машина се најде на третото место на ракометари со најмногу интернационални голови. Лазаров до пензијата, има постигнато 1722.
Прв на оваа листа е Гудјон Валур Сигурдсон со 1875, зад него е Петер Ковач 1.797.