Во ракометната ЛШ се одиграа три натпревари. Во групата Б екипата на Пари Сен Жермен го совлада дански ГОГ Гудме со 41:36 во 7. коло. Тоа е шеста победа за парижаните, а мечот беше неизвесен само во првото полувреме додека во второто француската екипа додаде гас и го освои целиот плен.
Другите два меча се од групата Б. Сегед на свој терен го совлада Целје со 36:27 и се врати во зоната која обезбедува место во наредната фаза. За унгарската екипа ова е втора победа по онаа над Елверум пред две кола.
А Нант застана на втората позиција по победата на гости над Алборг со 35:32. Францускиот тим има 10 бода исто колку и Кјелце на третата позиција со тоа што Полјаците имаат и меч помалку.