Македонската ракометарка, е ракометно чудо од дете и една од најталентираните млади ракометарки во Европа. Ива Младеновски утре ќе го има своето деби во елитната Лига на шампионите во дресот на францускиот Брест Бретањ.
Младеновска е во составот на екипата на Брест за дуелот против Савехов и конечно ќе го дочека своето деби во елитата една година по потписот со францускиот прволигаш.
Францускиот тим се наоѓа на четвртото место на табелата во групата А, додека противникот е последен, па тренерот на тимот Пабло Морел се одлучи да одмори две стандардни ракометарки.