Перфектна партија одиграа ракометарите на, Хрватска промашија само три шута и ја разнесоа Шпанија. Репрезентацијата на Хрватска одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на европските првенства, и воопшто на сите учесници на овие манифестации.
„Коцкестите“ ја прегазија Шпанија со 39-29, но многу поинтересна од конечниот резултат е статистиката од овој дуел која вели дека хрватските ракометари промашија само три шута (39/42) и имаа 93% ефикасност. Шпанските голмани имаа само една одбрана на натпреваот и тоа не класична, туку при обид на Тин Лучин да погоди од својата половина бидејќи претходно голот беше празен.
Тоа беше и единственото промашување на Хрватите во цело второ полувреме во кое буквално го мелеа противникот. Освен Лучин, промаши само уште Мартиновиќ кој беше еден од двајцата најефикасни на мечот со осум гола, а интересно е тоа што во листата на стрелците се запиша и голманот Матеј Мандиќ.
Покрај Мартиновиќ, осум гола постигна и Шоштариќ, а толку имаше во шпанската репрезентација и Гомез Абељо.