Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 нема оваа сезона да игра во Лигата на шампионите поради стари финасиски проблеми, а иако во Град Скопје постоеше иницијатива да му се помогне на најтрофејниот македонски клуб, сепак, до такво нешто нема да дојде.
Советникот на СДСМ во Град Скопје, Гордан Шутаров, поднесе предлог за барање на финансиска помош од десет милиони денари со цел да му се помогне на Вардар, меѓутоа Советот не го изгласа тоа. За предлогот гласаа 15 „против“, со уште три воздржани и 13 „за“.
Вардар 1961 оваа сезона ќе игра на домашната сцена каде ќе се бори за титулите со Еурофарм Пелистер, а исто така ќе биде дел и од регионалната СЕХА-лига.