Љубомир Савевски како координатор на сите селекции го има последниот збор во женскиот ракомет во нашата земја, па вечерва пристигна вест за списокот на повикани ракометарки за кадетското женско првенство.
Македонија е домаќин на кадетското Светско првенство за девојки до 18 години и истото ќе се игра во СЦ Борис Трајковски и СЦ Јане Сандански, турнир кој ќе биде актуелен од 30-ти јули до 10-ти август.
Македонскиот селектор го објави конечниот список на девојките на кои ќе смета на големото натпреварување, од кое ќе бидат дел 32 репрезентации.
Македонија е во групата Б со Иран, Сенегал и Узбекистан, а во конкуренција за настап ќе бидат 18 ракометарки.
Распоред на натпревари:
30.07 – Македонија – Сенегал 20:30 ч. СЦ Борис Трајковски
31.07 – Македонија – Узбекистан 20:30 ч. СЦ Борис Трајковски
02.08 – Македонија – Иран 20:30 ч. СЦ Борис Трајковски