Луда идеја, која можеби и не е толку нелогична – Манчестер Јунајтед е подготвен да му ја исполни желбата на Кристијано Роналдо, но за возврат очекува да потпише нов договор. Тој вчера се врати на „Олд Трафорд“ за да разговара за својата иднина.
Португалецот по секоја цена сака да игра во Лигата на шампионите оваа сезона, па се споменува дека би сакал да прејде во Атлетико Мадрид бидејќи досега беше одбиен од ПСЖ и од Баерн Минхен.
Атлетико нема пари да го купи, но би можеле да го доведат на позајмица, што Јунајтед би можел да го прифати. Англиските медиуми пишуваат малку луда идеја дека Роналдо следното лето ќе се врати во „Театарот на соништата“ кога тимот ќе ја обезбеди Лигата на шампионите и дека Португалецот ќе го води Јунајтед во елитата во сезоната 2023/24, кога ќе биде на прагот од 40 години.
Роналдо денеска ќе се приклучи на тимот, бидејќи ја пропушти турнејата во Австралија, и ќе разговара со раководството и со менаџерот Ерик тен Хаг. На Јунајтед им е јасно дека сака Роналдо да остане, но компромисот е нов договор, со намалена плата и заминување на позајмица.