Уругвајскиот голгетер Луис Суарез и понатаму е без клуб откако минатата сезона си замина од Атлетико Мадрид.
Уругваецот иако инсистираше дека сака да остане во Европа, се чини дека моментално најблизу е да се пресели во МЛС-лигата. Екипата на Лос Анџелес ФЦ е во напредни преговори со прославениот голгетер, кој би можел да им се приклучи на Герет Бејл и Џорџо Кјелини, кои летово го засилија американскиот тим.
Во овој клуб од претходно игра и поранешниот играч на Арсенал и Реал Сосиедад, Карлос Вела.