Фудбалерите на Реал Мадрид и медиумите од шпанската престолнина синоќа и денеска го исфрлија сиот гнев врз контроверзниот судија Хил Манзано поради одлуката да означи крај на натпреварот против Валенсија додека „кралскиот клуб“ беше во напад од кој подоцна постигна гол.

Одлуката сама по себе е чудна, но не е прва таква во кариерата на шпанскиот судија. Да биде иронијата поголема, од една таква одлука пред повеќе од шест години профитираше токму Реал Мадрид.

 

 

На мечот меѓу Реал и Малага на „Бернабе“, на 25 ноември 2017 година, гостите постигнаа гол во четвртата минута од судиското продолжение. Мансано означи крај на првото полувреме додека топката леташе во воздухот по што фудбалерот на Малага, Пол Бесе  ја затресе мрежата на Реал и голот, нормално, не беше признат.

Спорниот момент се случи при резултат 2-1 за Реал, а резултатот можеше да биде израмнет. На крајот мадридскиот тим славеше со 3-2, благодарение на голот на Роналдо во 76. минута откако долго време резултатот беше израмнет. За разлика од сега, тогаш медиумите во Мадрид не беа толку гласни и не се водеше дебата дали одлуката на Мансано е правилна или не.

Значи тогаш судијата правилно постапил во корист на Реал, ама сега не зашто Реал демек бил оштетен!