По серија лоши резултати во пријателските натпревари и ремито во претходното коло во Лос Анџелес, тимот на Интер Мајами го одигра првиот убедлив натпревар во 2024 година и во третото коло на МЛС лигата го декласира Орландо Сити со 5-0 (3-0).
Уште на почетокот беше јасно дека гледачите на Флорида ќе уживат. Луис Суарез со два гола во првиот десет минути, на додавања на Гресел го донесе тимот на Тата Мартино до предност од 2-0. Пред крајот на првиот дел Суарез додаде до Тејлор, а овој погоди за 3-0.
Во второто полувреме на сцена стапии Меси и во 57. минута погоди за 4-0. Пет минути подоцна, на додавање на Суарез, Аргентинецот погоди за финални 5-0.
По три кола Интер Мајами е лидер на Истокот со седум бода, откако двапати победи и еднаш ремизираше.