Герет Бејл и официјално се сели во МЛС лигата. Вечерва клубот Лос Анџелес ФК или скратено LAFC го објави потписот на велшката суперѕвезда. Договорот првично е со важност за една година, но може да биде продолжен до 2024 година.
„Герет е еден од најдинамичните и највозбудливите играчи во неговата генерација. Потпишувањето со играч кој го донесе неговиот талент и искуство на највисоко ниво беше одлична можност да го однесеме нашиот клуб напред“, рече менаџерот на Лос Анџелес, Џон Торингтон.
По вкупно девет години како играч на Реал Мадрид, Бејл го остава европскиот фудбал зад себе и се одлучи за прекуокеанска авантуристичка сезона во МЛС.