Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов е нов играч на молдавскиот шампион Шериф Тираспол.
„Екипата на Шериф со задоволство го пречекува Бобан Николов и му посакува блескави натпревари и успеси во црно-жолтиот дрес“, изјавија од Шериф Тираспол.
Николов досега има настапувано за Академија Хаџи и Виторул во Романија, како и за Вардар и Мол Фехервар во Унгарија, пред да се пресели во Лече. Со овој трансфер Николов можно е да заигра и во групната фаза од Лигата на Шампиони бидејќи Шериф треба да ја зачува предноста од 3:0 од првиот натпревар од баражот против Динамо Загреб.
Репрезентативецот летово имаше опции да остане во Италија, откако неколку екипи од Серија А пројавија интерес за него, но на крајот реши да се пресели во Молдавија.