Ајакс го претстави новиот дрес со кој ќе настапува во новата сезона. Поточно се работи за третиот дрес на холандскиот гигант, кој е во чест на легендарниот реге музичар Боб Марли а сето ова е на големо задоволство на сите фанови на Ајакс.

Имено пред секој од натпреварите во Амстердам арена, се емитува и песната “THREE LITTLE BIRDS” које е неофицијална химна на клубот. Ајакс ја претвори страста на нивните фанови кон песната на Боб Марли кој беше голем љубител на фудбалот, во нов дрес.

Ајакс го претстави дресот со атрактивно видео, а неговите обожаватели, како и неутралните фанови на фудбалот, полудеа по него на социјалните мрежи.

https://twitter.com/AFCAjax/status/1428627890535550977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1428627890535550977%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fajax-predstavio-novi-dres-navijaci-poludjeli%2F2298505.aspx