По само 29 минути игра беше јасно дека Сасуоло ќе ги освои трите бодови, откако прво Распадори стрелаше за 1-0, а потоа Берарди и Скамака зголемија на 3-0. До крајот на првиот дел Анри погоди за Венеција, но само да намали на 1-3.
Венеција имаше доволно шанси да освои барем бод, но времето ги газеше, а надежта целосно им се урна во 71. минута, кога Берарди од пенал погоди за конечни 4-1.
Фиорентина поведе со голот на Пјонтек во 10. минута од натпреварот, а само 10 минути потоа Капрари израмни на 1-1 од пенал и така двете екипи си поделија само по еден бод.
Сасуоло е на осум бодови од местата кои водат во европските натпреварувања, додека Фиорентина има 43 и ја делат само четири бода од петтата позиција.