Мароко го заврши своето натпреварување во Африканскиот куп на нации во четвртфиналето, каде беше елиминиран од Египет по голот на Трезеге во продолжението. Имаше многу приказни дека селекторот Вахид Халилхоџиќ ќе биде сменет, пред се поради лошиот однос со најголемите ѕвезди на тимот, но тоа не се случи. Тој ќе остане на чело на репрезентацијата до крајот на баражот за пласман на Мундијалот, а во своето обраќање до медиумите откри неверојатни детали.
Имено, по поразот од Египет, 69-годишниот стручњак добил смртни закани!
-Добив смртни закани, но тоа само ме охрабрува да одам понатаму. Навикнат сум на тоа – изјави Халилхоџиќ.
Веднаш понуди оставка!
– Можам да си одам кога сакам, немам таков притисок да морам да работам.Веќе претходно ја напуштав клупата. Ги добивме сите натпревари освен еден во првенството, се искачивме за 20 места на ранг листата на ФИФА – изјави поранешниот југословенски репрезентативец.
На Халилхоџиќ му е јасно дека некои одамна ќе го исфрлеа од клупата, но истакнува дека не жали за ниту една своја одлука.
– Не ја завршив работата овде. Не сакам да давам изговори, сакавме да одиме до крај но не успеавме. Сега сме фокусирани на баражот на Светското првенство. Знам дека брзате да ме избркате, ги разбирам фрустрациите, но не знам како вие во Мароко можете да знаете што се случи во Камерун со моите играчи. Тие се мој избор, не жалам што избрав одредени играчи.
Најголемите ѕвезди на репрезентацијата Хаким Зијех и Нусаир Мазрауи јавно кажаа дека нема да играат додека е тој селектор, па тој го коментираше тоа.
– Сакаш да побарам некој да игра за репрезентацијата? Овде има група која има мир и сакам да го задржам тоа. Не можам да повикам играч кој ќе го уништи тој мир, дури и да биде Лионел Меси. Еме Жаке и Дидие Дешамп станаа светски шампиони откако ги избркаа најдобрите играчи. Јас не сум првиот што го прави тоа.
Тој изјави и истакна дека Зијех нема да се врати во тимот.
– Не сакам Зијех да се врати. Ги понижи сите Мароканци и со него е готово. Сакаше да го уништи тимот со уште тројца играчи – потенцира Халилхоџиќ.