Фудбалската репрезентација на Македонија дојде на чекор до пласман на Светско првенство. Не успеа да го направи последниот, тој најдолгиот од седум милји за да стигне во Катар. И покрај сензацијата против Италија во Палермо, македонските фудбалери загубија со 2-0 од Португалија на „Драгао“.
Доза на разочараност секако постои. Но, од друга страна, момците го дадоа сцојот максимум.
„Беше навистина тешко. Налетавме на посилни. Едноставно не можевме за пет дена да елиминираме две врвни репрезетации. Разочарани сме, но и горди. Одиме понатаму. Засекогаш, напред Македонија“, вели Енис Барди.