Францускиот весник „Л’Екип“, пишува дека Барселона со помош на Интер Мајами ќе стигне до потписот на Лео Меси, и да го донесе Аргентинецот како позајмен фудбалер во следните 6 или 18 месеци.
Барселона се бори да го добие потписот на Меси и покрај тоа што Лео на маса има добиено огромна понуда од Саудиска Арабија, преку 400 милиони евра годишно.
Според пишувањата на „Л’Екип“, Барселона сака со помош на Интер Мајами да стигне до услугите на Аргентинецот.
Лео Меси треба да потпише со клубот на Дејвид Бекам, а потоа да биде испратен на позајмица во Барселона во првите шест или 18 месеци.
На таков начин Барселона би ги намалила трошоците за Меси, а Аргентинецот по договорената позајмица ќе продолжи да игра во Интер Мајами каде би се пензионирал.