Македонија Ѓорче Петров со десетмина фудбалери успеа да го задржи првичниот резултат 0-0 против ЦСКА Софија и ќе патува во Бугарија со надеж дека може да обезбеди пласман во следното коло од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Муарем Бајрами не беше инфериорен на комплексот на ФФМ, иако остана со играч помалку во 45.минута по исклучувањето на Матеус Ламос.
Фудбалерот на Македонија ЃП набрзина заработи два жолти картони и мораше брзо да замине на туширање. Сепак, и без него „лавовите“ успеаја да задржат реми без голови.
ЦСКА Софија еднаш се закани посериозно во првото полувреме, а и Ермедин Адем имаше полушанса во вториот дел. Мишевски се обиде од слободен удар во последните мигови, но шутираше за малку непрецизно. Туфегџиќ и Крастев се заканија кон голот на Стевковски во вториот дел, но тој беше на потребното ниво.
На жешкото време, и двете екипи сепак оставија патникот за следната рунда да се решава на реваншот во Софија.