Продолжуваат преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона за трансферот на холандскиот интернационалец Френки де Јонг, но во конкуренција за потписот на играчот од средниот ред може да влезе и друг англиски клуб. Челси ја следи ситуацијата и доколку пропадне планираниот трансфер, лондончани се подготвени да дадат понуда за Холанѓанецот.

25-годишниот Де Јонг моментално е на одмор во САД и се уште не е целосно убеден дали да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед и да ја напушти Барселона. Меѓу главните причини за сомнежите на фудбалерот е неговата желба да игра во Лигата на шампионите.

Според информациите, Барселона може  да го искористи интересот на Челси да ја подигне цената на Френки де Јонг и да ги забрза преговорите со Манчестер Јунајтед.