Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис ги допре облаците. Тој постави нов светски рекорд во скок со стап на отворено, откако на митингот од Дијамантската лига во својот Стокхолм прескокна нестварни 6,16 метри.
Со тоа, тој за еден сантиметар го собори сопственото најдобро остварување, остварено во март 2020 година. Дуплантис годинава го урна и светскиот рекорд во сала и тоа на Светското првенство во Белград.
Швеѓанецот многумина го нарекуваат „Бубка на нашето време“, споредувајќи го со легендарниот украински претходник, кој доминираше во последната деценија од минатиот век и чии најдобри резултати успеа да ги собори по скоро три децении. Најдоброто остварување на Украинецот е од далечната 1994 година кога прескокна 6,14 метри, што е само два сантиметри полошо од вчерашниот скок на Дуплантис.