Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски се закити со златниот медал на Балканското првенство.
Поставувајќи национален рекорд со време од 01:04.65 часа, Ивановски прв мина низ целта на полумаратонската трка. Оваа трка се одржуваше во Тирана, Албанија, а претставникот на Македонија се закити со најсјајното одличје.
24-годишниот Ивановски има победи од полумаратонските трки во Белград и Скопје во 2017 година, четврто место на Балканското првенство во Истанбул година подоцна и сега стана државен рекордер.
На минатогодишниот полумаратон во Тирана, Ивановски го зазеде третото место и освои бронзен медал.