Душан Влаховиќ повторно му донесе победа на Јувентус и постигна гол по подолго време во дресот на „бјанконерите“.
Она што ги изненади, но и растажи навивачите на торинскиот клуб е што веднаш по голот, додека славеше, Србинот почна да плаче во прегратките на Дибала кој исто така се насолзи. Италијанските медиуми открија која е причината за тоа иако не беше многу тешко да се претпостави.
Аргентинецот одигра еден од последните натпревари во дресот на Јувентус и за два месеца ќе биде слободен да го избере својот следен клуб во кариерата. Седум години го носеше „црно-белиот“ дрес, а за него постои интерес од Интер иако тој би сакал да продолжи во Атлетико или Барселона.
За кратко време, двајцата толку се зближија што на Влаховиќ многу тешко му паѓа фактот што ќе се разделат на крајот од сезоната.
https://twitter.com/aziz_zgh/status/1512894909623242758?s=20&t=p-74aV3oc9yXCy8zsd6ilA