Моментално 91. тенисер во светот Холгер Руне имаше интересен ден во саботата.
Данскиот тенисер во 13:15 часот го заврши челинџер финалето во Сан Ремо.
Со победата по три сета и голема борба успеа да дојде до титулата, бидејќи го совлада 422. тенисер во светот Франциско Пасара.
Лесно го доби првиот сет, па лесно го загуби вториот, а во третиот на крајот направи два брејка и со серија од три врзани гемови стигна до титулата.
Веднаш од Италија се упати во Монако каде играше во квалификациите за Мастерсот во Монте Карло.
Три часа по победата на турнирот во Италија, тој излезе на теренот во Кнежевството.
Во првото коло од квалификациите играше против Раду Албот од Молдавија и победи со 6:2, 6:3.
Тој в недела попладне ќе игра против Максим Креши за пласман во главната ждрепка.