Лина Ѓорческа оствари уште еден рутински триумф и обезбеди пласман во четврт-финале на турнирот во Осиек. Најдобрата македонска тенисерка денеска со уште една рутинска победа се пласира во третото коло на турнирот со награден фонд од 25.000 долари.
За 81 минута, Ѓорческа ја совлада 30-годишната Хрватка Силвија Њириќ со 6-3, 6-0. Загуби само еден брејк, од стартот на мечот, додека влезе во ритам. Домашната тенисерка поведе со 1-3, но оттогаш Ѓорческа воспостави доминација освојувајќи 11 гејма едноподруго!
Во четвртфиналето противничка ќе ѝ биде Викторија Кан од Русија, противничка која веќе еднаш ја има совладано македонската тенисерка. Во 2019 година, во Санта Маргерита ди Пула, Кан славеше со 3-6, 7-5, 6-3, исто така на земјена подлога. Сепак, таа сега е на 827. позиција на ВТА-листата, но во кариерата има ранг дури на 151. место, во март 2014.