Австралиската тенисерка Ешли Барти се пласираше во финалето на Австралија Опен.
Ешли Барти лесно ја совлада Медисон Кис со 6:1, 6:3.
Натпреварот траеше 62 минути.
Во првиот сет Американката успеа само да освои еден гем против најдобрата светска тенисерка.
Кис имаше две брејк можности во вториот сет при резултат 2:2, но не ги искористи.
Веднаш потоа Барти направи брејк и го реши мечот.
Во финалето ќе игра против подобрата од дуелот Ига Свјонтек – Даниел Колинс.
Таа до финалето не загуби ниту еден сет и е во серија од девет победи.