Селекцијата на Исланд не успеа да обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство, откако Данска загуби од Франција, и најмногу може да стигне до петтото место на континенталниот собир.
Сите на островот се разочарани по ваквиот расплет, а најдалеку отиде исландскиот политичар Бјорн Леви Гунарсон веднаш после поразот на Данска.
Тој на Твитер апелираше да се тргне амблемот и круната на данскиот крал Кристијан од врвот на Парламентот во Исланд.
Зградата на Парламентот е од 19. век и се наоѓа во Рејкјавик, а Гунарсон апелира дека сега е вистински момент на врвот да се стави некој друг симбол на Исланд.
И обичниот народ на Исланд, очекуваше помош од Данците, па сега додека се уште трае лутината, и политичарите се обидуваат преку спортот да ќарат некој поен плус.