Ракометарите на Исланд со пресврт го победија Бразил (41-37), но триумфот не е доволен за четвртфинале поради поразот од Унгарија (28-30).
Бразил играше одлично во првото полувреме во нападот и ги користеше своите шанси, па постигна дури 22 гола и на паузата замина со 22-18.
Исланѓаните прво стигнаа до нерешено во 46. минута, по што направија пресврт за победа и триумф со 41-37.
Најефикасни кај Исланд беа Елисон со девет и Кристијансен со осум голови, додека на спротивната страна Дипуа постигна седум голови.
Исланд сега се надева на неуспех на Португалија против Шведска за да го освои третото место кое е важно за олимписките квалификации.
Домаќинот Полска, вечерва го совлада Иран со 26-22 и го освои четвртото место во својата група.