„Фармацевтите“ од Леверкусен постигнаа два гола во првото полувреме преку Бакер и Адли, додека на 3-0 зголеми Амири во 67. минута, по што Борусија нападна со сите сили и малку недостигаше да се избори за бод.
Борусија преку Штиндл постигна два гола, и тоа во 82. и 93. минута, кои сепак не беа доволни за да ги спасат домаќините од пораз.
Леверкузен по 16 одиграни меча има 21 бод, односно еден помалку од осмопласираната Борусија.