Францускиот напаѓач Карим Бензема го постигна решавачкиот гол на мечот против Манчестер сити и му помогна на Реал Мадрид да обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе се соочат против Ливерпул.

„Црвените“ на Јирген Клоп треба да се плашат од Французинот затоа што тој е вистински кошмар оваа сезона за премиерлигашите.

Бензема оваа сезона постигна седум голови против англиските тимови, а такво нешто досега на никој не му успеало.

Французинот, исто така, постигна четири голови на последните пет меча против Ливерпул во елитното натпреварување.