Олимпијакос се последниот учесник на Ф4 турнирот во кошарка во Евролигата, кој од 19 до 21 мај ќе се одржи во Белград.
Тимот од Пиреја славеше со 94:88 во „мајсторката“ од четвртфиналната серија против Монако и со тоа го „чекираше“ последниот билет за учество на завршниот турнир. Таму во полуфиналето ќе играат против Анадолу Ефес, додека другата двојка ќе ја сочинуваат Реал Мадрид и Барселона.
Најефикасен на натпреварот беше гостинскиот кошаркар Мајк Џејмс со 24 поени, 10 асистенции и четири скока, но тоа не му значеше многу. Во победничкиот табор Шон Мекисик имаше 18 поени, Томас Вокап 17, а Тајлер Дорси 16.