Реал направи ново чудо во Лигата на шампионите. Кралевите се вратија од мртвите и успеаја да направат комплетен пресврт уште еднаш во момент кога сите ги отпишаа. По неверојатните враќања во осминафиналето против ПСЖ и во четвртфиналето против актуелниот европски првак Челзи, Реал сензационално се врати во полуфиналето против Сити.
Избраниците на Пеп Гвардиола во Мадрид пристигнаа со 4:3, а имаа 1:0 до судиското продолжение. Малкумина веруваа дека Реал може да направи пресврт, но тоа се случи. Двапати погоди Родриго во продолжението и потоа и Бензема од пенал во продолжението и го одведоа Реал во финалето каде ги чекаше Ливерпул.
„Се работи за тоа кој ќе постигне повеќе голови. Бевме толку блиску. Не игравме добро во првото полувреме, но тоа е нормално во вакво натпреварување“, изјави тренерот на Сити, Пеп Гвардиола по испаѓањето на неговиот тим.