Фудбалерот на Оман, Мухалед Ал Ракади, почина на 29-годишна возраст од срцев удар. Тој колабирал за време на загревањето пред почетокот на натпреварот помеѓу неговиот клуб Мускат и Ал Суваик во првенството на Оман.
На Ал Ракади веднаш му била укажана помош и бил пренесен во болница, но неколку часа подоцна било објавено дека починал. Судиите, фудбалерите и тренерите на двата клуба со неверување гледаа што се случуваше на загревањето и речиси сите плачеа по падот на Ал Ракади на теренот.
Натпреаврот беше одложен.