Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски постигна гол за Спартак Трнава во првиот меч од новата сезона во најсиланата фудбалска конкуренција на Словачка.
Трнава на домашен терен беше подобра од Злате Моравце со 2-0, а погодокот за потврда на трите бода беше дело на Милан во 47 минута. Напаѓачот беше активен до 70 минута кога беше заменет од Келвин Боатенг.
Кај гостите пак на клупата за резерви остана Томче Гроздановски.