Илија Несторовски доби нов договор од Удинезе и реши дека е подготвен да се бори за своето место во тимот, иако речиси да не добиваше шанса на крајот од сезоната.

Клубот одлучи да му даде нова шанса на Македонецот кој имаше доста проблеми по тешката повреда на коленото, но ако се суди според стартот на подготовките, Иле е во топ форма и потсетува на најдобрите денови, со што дефинитивно почнува да се наметнува кај тренерот.

Откако постигна гол на првиот меч во пресезоната, Несторовски денеска одговори позитивни и на далеку посериозен предизвик, бидејќи Удинезе играше против откровението на сезоната во Бундеслигата минатата сезона.

Унион Берлин заврши на петтото место и само еден бод го делеше од пласман во Лигата на шампионите, но Удинезе денеска испушти победа против Германците бидејќи водеше со 2:0.

Несторовски беше стрелец на двата гола на Удинезе во првото полувреме, двата постигнати со неговата посилна лева нога. Нестор-гол најпрво биеше отпрва за водство од 1:0, а потоа ја прими топката со десна, си ја намести на лева и неодбранливо биеше во аголот за 2:0.

Во продолжение, Унион Берлин одговори со два гола и израмни на 2:2, а мечот на крајот заврши нерешено 3:3.