Ливерпул е во трка со конкуренцијата за големиот талент на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко. Талентот го следат и Реал Мадрид, Барселона и Пари Сен Жермен. Сепак, каталонски „Спорт“ тврди дека Ливерпул е фаворит.
Јирген Клоп ќе се обиде да го доведе следното лето, кога истекува неговиот актуелен договор со Борусија Дортмунд.
17-годишниот напаѓач има четири гола во Бундес – лигата на десет натпревари од почетокот на сезоната.