Нашата женска У-17 репрезентација забележа голем успех на квалификацискиот турнир во Драч. Денеска избраничките на Катерина Милеска славеа со 2:0 против Молдавија. Стрелци беа Ибраими и Милевска.

Ова беше трета победа во низа, претходно Македонија ги победи Косово и Албанија, па така го освои првото место во групата и тоа повеќе од надмоќно. Овој успех значи дека Македонија се пласира во втората фаза од квалификациите за ЕП 2023 година.