Олимпик Марсеј не успеа да слави на „Велодром“ против Монпелје играјќи 1-1. Со тоа и пропушти шанса посериозно да се доближи до лидерот ПСЖ на врвот на табелата во францускиот шампионат. Сега Марсеј заостанува шест бода и има еден одигран натпревар повеќе.
Монпелје поведе со голот на Арно Ордин во 12..минута, а Олимпик Марсеј израмни со погодокот на Матео Гендузи од пенал во 44.минута од мечот.