Ајнтрахт Франкфурт не успеа да победи и на петтиот последователен натпревар во Бундес-лигата, прв после репрезентативната пауза. Бохум успеа да освои важен бод играјќи 1-1 во Франкфурт.
Такума Асано во 14.минута донесе водство за гостите, а Рандал Коло Муани осум минути подоцна од пенал го израмни резултатот. Сепак, Ајнтрахт не успеа да стигне до триумф до крајот на натпреварот.