По мирното прво полувреме, Жирона поведе во 53. минута. стрелец на голот беше Мартинез, но во 74. минута Брајтвајт успеа да изедначи на 1-1.

Во 84. минута Еспањол остана со фудбалер помалку откако Гомез заработи црвен картон. Тоа го искористија домаќините и со гол на Стуани од пенал во 88. минута дојдоа до победа од 2-1.

Ова беше четврти пораз по ред за Еспањол, доколку Валенсија на свој терен не загуби од Рајо Ваљекано, клубот од Барселона ќе влезе во зоната за испаѓање.

https://twitter.com/RCDEspanyol_EN/status/1642148302056570883?s=20