Репрезентацијата на Австралија е се подалеку од директен пласман на Светското првенство во Катар. „Кенгурите“ кикснаа во Мускат, одиграа само 2:2 против Оман и сега заостануваат три бода од второпласираната Јапонија на две кола пред крајот на квалификациите во групата Б.
По првото полувреме не можеше да се погоди дека Оман ќе успее да стигне до бод. Австралија повеќе напаѓаше, држејќи ги сите конци во раце. Конечно гостите поведоа уште во раната фаза од мечот со голот на Мекларен од пенал. Оман не упати ниту еден удар кон голот на Австралијците во првите 45 минути.
Во второто полувреме различна слика на теренот. Домашните одиграа многу подобро отколку во првите 45 минути, а по само девет минути игра израмнија во вториот дел, а стрелец беше Фаваз. По примениот гол „кенгурите“ го зголемија притисокот кон голот на Оман и во 79. минута стигнаа до нова предност преку Арон Муј.
Се чинеше дека трите бода ќе одат на Австралија, но гостите направија глупост во 89. минута, беше досуден пенал за Оман, кој повторно во гол го претвори Фаваз за ново израмнување.
Австралија сега е пред тешка задача бидејќи во следното коло на 24 март ќе се соочи со второпласираната Јапонија која во моментов има три бода повеќе, а во последното коло „кенгурите“ гостуваат кај лидерот во групата Саудиска Арабија.
https://www.youtube.com/watch?v=_bUWr2u8Lmc“ГРУПА:
Либан – Ирак 1:1 (1:1)
Сирија – Јужна Кореја 0: 2 (0: 0)
Иран – ОАЕ 1: 0 (1: 0)