Полфиналистот во ЛШ,Вилјареал стигна до убедлив триумф (1-5) на гости против Рајо Ваљекано. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше приморан дури петпати да ја вади топката од мрежата.
Педраза во третата минута донесе водство за Вилјареал, а израмни Серхио Гвардиола. Но, Вилјареал до крајот на првиот дел постигна уште три гола.
Фојт, Пако Алкасер и Пау Торес се погрижија за убедливо водство до одморот, а во второто полувреме Педраза уште еднаш погоди, за конечни 1-5.
По овој триумф, Вилјареал се наоѓа на седмото место на табелата во Ла Лига.