Лацио во 24. минута остана со играч помалку. Исклучен беше Ромањоли по еден прекршок пред шеснаесетникот.
Но, Лацио и со играч помалку одлично парираше на „старата дама“ која не успеваше да доминира.
Моментот на одлука се случи во 85. минута кога дефанзивецот на Лацио, Марио Гила ја погоди сопствената мрежа. Претходно Јувентус се закани прекуи Василије Аџиќ и Даглас Луиз.
https://twitter.com/i/status/1847738067500880119
По овој натпревар Јувентус остана без примен гол од игра и гол-разлика 11-1. Единствениот гол избраниците на Мота го примија против Каљари од пенал.