Порто извојува херојска победа над Арсенал во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Португалците му се спротивставија на фаворитот од Англија, а до големиот триумф стигнаа во самата завршница, кога Галено постигна прекрасен гол за минимална победа од 1-0 (0-0).

 

Микел Артета, менаџерот на топчиите од Хајбери, во стартниот тим започна без класичен напаѓач. Бразилецот Габриел Хесус е повреден, а Каи Хаверц ја имаше улогата на „лажна деветка“, но затоа офанзивата беше засилена со белгијанецот Тросар, а во нападот беа и брзоногите Сака и Мартинели. Сепак, офанзивната поставеност на „топџиите“ не донесе резултат во првото полувреме на „Драгао“, иако статистиката беше на нивна страна.

Порто организирано се бранеше, дефанзивците на Серџо Консеисао и овој пат докажаа дека јавноста со право смета дека Порто ја има вистински бедем во одбраната, но и офанзивата на португалскиот тим не беше на посакуваното ниво. Особено многу се очекуваше од бразилското крило Галено. Во 21. минута 26-годишниот офанзивец, кој оваа сезона има четири гола и четири асистенции во Лигата на шампионите, забележа две неверојатни промашувања. При првиот удар ја погоди стативата, а откако топката му се врати, шутираше уште еднаш, но повторно не ја погоди целта.

Во вториот дел двете екипи имаа по неколку шанси, но без резултат. Во четвртата минута од судиското надополнување, токму Галено од трагичар стана херој и од многу потешка ситуација од оние во првото полувреме постигна спектакуларен гол со што донесе огромна радост на трибините и победа на својата екипа (1-0).

На „Емирати“ за три недели ќе се одлучува патникот меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.