Месец јуни е најцрниот за фудбалот во Македонија, со само три победи во цела деценија, па болниот пораз од Украина (2-3) и дебаклот од Анлглија синоќа (0-7) само го потврдуваат тоа.

Во оваа деценија од 2013 година, само двапати Гибралтар минатата година и еднаш Казахстан пред две години во подготовката за Еуро 2020 ги победивме во месец јуни,па изгледа дека јуни е створен во различни периоди и декади за испишување – црни рекорди.

Дури три од петте најтешки и најболни порази што Македонија ги доживеала во историјата се во јуни. Вчерашниот дебакл на „Театарот на кошмарите“ е убедливо најболен и најтежок, зашто никогаш досега не сме примиле седум гола, а и не сме загубиле повеќе од пет разлика.

Во историјата до вчера, најтежок пораз на Македонија беше тој во Чешка, во јуни 2005 година со 1-6. Претходно, имавме три од по 0-5, првиот најтежок во историјата – во јуни 1995 од Белгија. По него уште две „петарди“ од Словачка и Унгарија.

Сѐ до синоќа и култниот „Олд Трафорд“ на кој Англија нѐ наполни како никогаш досега, со хет-трик на Букајо Сака, два гола на Хери Кејн и по еден на Маркус Рашфорд и Калвин Филипс.

НАЈТЕШКИТЕ ПОРАЗИ НА МАКЕДОНИЈА 

7 јуни 1995 – Белгија 0-5 (дома) – квалификации Еуро 1996

7 октомври 2001 – Словачка 0-5 (дома) – квалификации СП 2002

14 ноември 2001 – Унгарија 0-5 (гости) – пријателска

8 јуни 2005 – Чешка 1-6 (гости) – квалификации СП 2006

7 септември 2005 – Финска 1-5 (гости) – квалификации СП 2006

15 октомври 2013 – Србија 1-5 (гости) – квалификации СП 2014

8 септември 2014 – Шпанија 1-5 (гости) – квалификации Еуро 2016

19 јуни 2023 – Англија 0-7 (гости) – квалификации Еуро 2024