Француската звезда Килијан Мбапе ги урива рекордите, а Франција успеа да ја победи Грција со 1-0, со неговиот гол од повторен пенал во 55.минута од натпреварот. Дуелот имаше дури 14 минути судиско продолжение.

Грците од 70.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Константинос Мавропанос.

Мбапе со овој гол го надмина легендарниот Жист Фонтен и стана најдобар стрелец во историјата на селекцијата на Франција.

Интересен беше натпреварот меѓу Швајцарија и Романија кој заврши 2-2, а Турција го совлада Велс со 2-0, со головите на Најир и на Гулер.

Израел беше подобар од Гибралтар со 0-2, а Казахстан на гости ја победи Северна Ирска со 0-1. Стрелец на голот беше Абат Аимбетов во 88.минута.