Вечерва фокусот на фудбалскиот свет ќе биде насочен кон Мадрид, каде Атлетико ќе биде домаќин на Реал, во првото големо дерби од новата сезона во Примера.
Поради повреда на оваа средба нема да се појави Карим Бензема. Најдобриот фудбалер на „кралевите“ ќе го пропушти овој исклучително важен дуел на неговата екипа, поради повредата која ја доби на дуелот со Селтик во Лигата на шампионите.
„Нема да кажам кој ќе го замени Бензема, но тој сигурно нема да игра. Почна да работи индивидуално и ќе биде подготвен по репрезентативната пауза“, изјави Анчелоти.
Францускиот напаѓач реализира три погодоци во тековната сезона. Без него, значително се намалуваат шансите за славје на актуелниот шпански шампион.
Мадридското дерби на „Ванда Метрополитано“ е закажано за вечерва во 21:00 часот.