Манчестер Јунајтед доживеа нов пораз во Премиер – лигата откако загуби на гости против Вотфорд со 4-1. Можеби ова е ќе значи и крај за Оле Гунар Солскјер на кормилото на „црвените ѓаволи“.
Де Хеа на стартот двапати му одбрани пенал на Исмаила Сар, но Џошуа Кинг и токму Исмаила Сар донесоа предност за Вотфорд од 2-0 по првиот дел. Дони ван де Бек влезе на стартот на второто полувреме и постигна гол за Јунајтед, но Хари Мегваер беше исклучен во 69.минута. Во финишот, Жоао Педро и Емануел Денис се погрижија Манчестер Јунајтед да си замине со четири гола во мрежата.