Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски повторно погоди за екипата на Дебрецин, но денеска неговиот тим не успеа да извлече поволен резултат на гостувањето против Будимпешта Хонвед. Дориан даде гол за израмнување на 2:2, но домашните до крајот на средбата од 23. коло на унгарскиот шампионат постигнаа уште два гола, за конечни 4:2.
За Дориан ова е трет гол во дресот на Дебрецин, откако и тој и неговиот брат Давид се дел од тимот. И Давид Бабунски денеска беше стартер за Дебрецин и одигра комплетни 90 минути, за разлика од Дориан кој беше повлечен од игра во 72. минута.