Белградски Партизан ја совлада Спарта Прага во Конференциската лига со 0-1, а единствениот гол на натпреварот го постигна Квинси Мениг во 78. минута на асистенција на Саша Здјелар. Оваа победа на Партизан е многу важна за српскиот фудбал бидејќи обезбеди две места за српските претставници во Лигата на шампионите.
Клубот кој ќе ја заврши сезоната на врвот во елитната лига на Србија во сезоната 2022/23 ќе оди директно во Лигата на шампионите, второпласираниот ќе игра во квалификации за ЛШ, а три екипи ќе бидат во квалификациите за Лигата на Европа во сезона 2023/24 година.
Србија ја престигна Украина на ранг-листата на УЕФА, која веќе нема свој претставник во Европа.