Енис Барди дефинитивно ќе го напушти Леванте на крајот од сезоната. Иако клубот ја искористи клаузулата во договорот за еднострано продолжување на соработката за уште две сезони, сепак, доколку Леванте испадне од елитата, Барди ќе побара нова средина.

Во овој момент, како што откриваат шпанските медиуми, одличниот играч за врска е во напредни преговори со Бетис. Доколку се биде в ред, тој од следната сезона ќе се пресели во Севилја и ќе го носи дресот на Бетис.
Леванте за Барди бара отштета од околу 10 милиони евра што нема да претставува посебен проблем за раководството на Бетис.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди веќе се сретна со претседателот на Леванте и побара да биде продаден, а тоа треба да се случи на крајот од сезоната. Тој се сложи да остане и да му помогне на тимот да го избегне најлошото, испаѓање во Секунда, но во моментот е се уште далеку од реализација на оваа цел.

За Барди има интерес и од Реал Сосиедад во Шпанија, како и од Милан и од Торино во Серија А.